Охридските кошаркари со пораз од Вардар 86-78 (29-18, 16-12, 16-14, 25-34) ја спуштија завесата во дебитанската сезона во прволигашкото друштво.


„Црвено црните“ во натпреварот без резултатско значење повече ја посакуваа сезоната и заслужено стигнаа до неа.

Првиот период домашните кошаркари го добија со 11 поени предност (29-18), во вториот зголемија за дополнителни четири за водство 15 кошеви на полувремето (45-30).

Во третиот квартал домаќините ја зголеми предноста за нови два поени и со високи 19 поени го започнаа одлучувачкиот четврт период.

Охриѓани покрај негативата притиснаа во последниот период и успеаја да ја раситнат двоцифрената предност на домаќините а не и да направат нешто повеќе.


Во охридскиот состав одново поентерски се истакнаа Милојевиќ (26п.) и Брукс (21п.), додека во домашната екипа 24 реализираше Ибатојо, а 20 Ивановиќ.

OhridNews