Охридските кошаркари со триумф во Прилеп над тимот на Мега Баскет 84-79 ја завршија дебитанската сезона во Втората македонска кошаркарска лига.

„Галебите“ иако забележаа тесна победа, комплетно го контролираа резултаот во текот на целиот натпревар. Охриѓани поведоа со 31-17 по десет минути игра, домаќините се обидуваа да се вратат во игра, но разликата беше недостижна. Охрид дуелот во Прилеп го одигра со осум кошаркари, откако поради повреди отпаднаа неколку стандардни првотимци.

Охрид во дебитанската сезона на успеа да се пласира во топ 4 и да се бори за влез во елитата, но важно е што се врати кошарката на охридската спортска сцена.

OhridNews