Охридските кошаркари го запишаа вториот триумф во дебитанската сезона во Втората кошаркарска лига, совладувајќи го Спорт Тим со 110-45 (26-13, 27-9, 26-16, 31-7), на гостински терен во Неготино.
„Галебите“ разликата во квалитет ја демонстрираа уште во првите десет минути, кои ги добија со 26-13. После секои следни десет минути, предноста на семафорот во корист на охриѓани драстично се зголемуваше.
Охрид одигра добар тимскиот натпревар и потврди дека поразите во двете воведни рунди биле само лоши денови, данок на неискуството и големата пауза без официјален натпревар. Со триумфот над Спорт Тим и над Спарта претходно, „галебите“ стигнаа до егал 2-2 во вкупниот биланс во Втората лига.
Во следната рунда, Охрид ќе се сретне со Пелистер Карта Медика, во СРЦ „Билјанини Извори“.
OhridNews