Кошаркарскиот клуб АВ Охрид од следната сезона ќе биде дел од македонската кошаркарска елита откако на меч пред крајот на Втората лига го обезбеди првото место.
Шампионската титула охриѓани во второлигашката конкуренција ја осигураа со победата во Чаир против составот на Шкупи со 98-89.
Избраниците на Петар Чочороски во третиот квартал успеаја да го скршат отпорот на домаќините кои добро и организирано ги одиграа првите два.
Предноста од третиот период „сино белите“ ја задржаа до крајот на мечот за пласман во елитата од следната сезона.
Прослава на шампионската титула „галебите“ ќе имаат на домашен терен против составот на Радовиш во последната рунда од Втората лига.
Мх.П.