Кошаркарите на АВ Охрид мирно и сигурно чекорат кон опстанок во Првата лига по победата над Струмица (81-77) во втората рунда од плејаутот.


Охриѓани со триумфот пред своите гледачи ја продолжија позитивната серија на три победи и на врвот од табелата во плејаутот се одлепија од Струмица и Пелистер.

„Галебите“ опстанокот во елитата можат да го обезбедат во следниве два мечеви против Вардар и Пелистер кои ги игра на домашен терен во „Билјанини Извори“.

Во натпреварите од плејофот Карпош Соколи и МЗТ Скопје водат изедначена битка по двете рунди за врвот на табелата. „Соколите“ како гостин го совладаа составот на Фени Индустри 90-78, додека МЗТ Скопје во Гевгелија славеше против Кожув 77-71.

Резултати:

Плејаут:

Резултати: АВ Охрид – Струмица 81-77, Вардар – Пелистер 81-85

Табела: АВ Охрид 22, Струмица 21, Пелистер 21, Вардар 16.

Следно коло: АВ Охрид – Вардар, Струмица – Пелистер

Плејоф:

Резултати: Кожув – МЗТ Скопје 71-77, Фени Индустри – Карпош Соколи 78-90, Работнички – Куманово 87-69.

Табела: МЗТ Скопје 4, Карпош Соколи 4, Работнички 3, Куманово 3, Кожув 2, Фени Индустри 2.

OhridNews