Кошаркарскиот клуб АВ Охрид се засили на центарската позиција доведувајќи го Александар Штерјов.
33-годишниот кошаркар во редовите на охридскиот состав се пресели од тимот на Кожув. Штерјов со „галебите“ потпиша едногодишен договор.
АВ Охрид предводен од новиот тренер Марјан Илиевски го комплетира ростерот за новата сезона и најавува атак на високите места на табелата во Првата лига.
„Галебите“ подготовките за новата сезона ќе ги започнат на крајот од август месец.
OhridNews