Кошаркарскиот клуб АВ Охрид новата сезона во македонската кошаркарска елита ќе ја започне против  на актуелниот шампион Работнички домашен терен. Возбудувањата во Првата лига започнуваат првиот викенд во октомври месец.

За „галебите“ кои се подготвуваат на Јадранот годинешното учество ќе биде трето по ред во Првата кошаркарска лига. Минатата беа дел од Супер лигата, а во дебитанскиот настап ја остварија целта обезбедувајќи опстанок.

Екипите учеснички во Првата лига го прифатија предлогот Шкупи да се врати во елитата, што значи дека Првата лига ќе брои 11 клубови, а не 10 како што беше најавено. Исто така клубовите го реизбраа Видоја Секулоски за претседател на Здружението на клубовите.

Двојки 1.коло: АВ Охрид – Работнички, Вардар – Куманово, Блокотехна – МЗТ Скопје, Пелистер – Фени Индустри, Гостивар – Кожув, Шкупи слободен.

OhridNews