Кошаркарскиот клуб АВ Охрид в сабота (14ч) во Скопје против Ангели ќе го одигра првиот меч од втората полусезона во Втората кошаркарска лига.
Охриѓани кои првата полусезона ја завршија со стопроцентен ефект и на првата позиција, во втората продолжуваат со исто темпо и амбиции.
„Галебите“ во пролетната полусезона ќе продолжат со истиот состав со кој ја завршија есенската и го освоија првото место на табелата.
Двојки: Ангели – АВ Охрид, Радовиш – Пелистер, Шкупи – Гостивар, Академија ФМП – Водњански Лисици, Вардар – Тетекс.
Табела: АВ Охрид 18 бодови, Вардар 15, Пелистер 15, Водњански Л. 15, Гостивар 15, Тетекс 12, Ангели 12, Шкупи 12, Академија ФМП 11, Радовиш 10.
OhridNews