Кошаркарите на АВ Охрид кои од сезонава ќе се натпреваруваат во Првата кошаркарска лига од 5 до 12 овој месец на подготовки беа на Црногорското и Хрватско Приморје поточно во Тиват.
На овие подготовки охридскиот стратег Петар Чочороски на располагање ги имаше играчите од минатата сезона и засилувањата Милојко Василиќ, Лука Милојевиќ и Саша Ѓоргевиќ.
Во рамките на овие подготовките „галебите“ одиграа три контролни натпревари и забележаа исто толку победи совладувајќи ги Приморје (84-63), Будва (84-77) и Дубровник (82-73).
Од клубот се задоволни и се надеваат на добри натпреари и плодна сезона во дебитанскиот настап во Првата кошаркарска лига.
OhridNews