Кошаркарите на АВ Охрид финалните подготовки за престојните мечевите во Втората АБА лига и националниот шампионат ќе ги одработат во Хрватска од 22 до 29 септември.

Избраниците на Петар Чочороски во Хрватска ќе одиграат четири контролни мечеви со Алкар, Јажине, Рибола и Шибеник кои се дел од кошаркарската елитата. Покрај овие тест средби охриѓани имаат опција да одиграат уште еден натпревар против Тиват или Херцег Нови. 

– Две од трите фаза во подготовките завршивме, а третата ќе ја одработиме во Хрватска. Таму покрај тоа што ќе играме контролни натпревари и ќе тренираме во полн погон. Играчите се здрави и желни за надигрување и со нетрпение ги очекуваат мечевите. – изјавија од стручниот штаб.

На пријателските натпревари ќе бидат тестирани плејмејкерот Рос Кенет Крејт и 217 високиот Томас Лијам.

Мх.П.