Кошаркарскиот клуб АВ Охрид ќе биде единствен македонски преставник во втората по ранг АБА лига на Јадранот. „Галебите“ ја прифатија понудата од челниците на АБА лигата и ќе бидат дел од 12-те екипи кои ќе го започнат новиот кошаркарски проект.
Влогот во лигата е голем, бидејќи победникот ќе избори директен пласман во елитата, а предизвикот за охридските кошаркари уште поголем, затоа што во третата година постоење ќе имаат можност силите да ги одмерат со екипи надвор од границите на Македонија.
Eкипи кои го потврдиле учеството во дебитанското издание на втората АБА лига се Крка, Рогошча, Сплит, Босна, Зрински, Динамик, Борац Чачак, Теодо и Ловчен. Останатите два клуба ќе се добијат по пат на квалификации кои ќе одиграат во текот на летниот период.
„Галебите“ ќе „летаат“ на Јадранот !
OhridNews