Кошаркарите на АВ Охрид со пораз (94-67) од актуелниот шампион МЗТ Скопје го завршија дебитанското учеството во Супер лигата и ја спуштија завесата на третата сезона од оформувањето на клубот.

Охридските кошаркари, оваа за разлика од минатата сезона кога се бореа за опстанок, беше дел од елитата односно екипите кои бркаа место погоре на табелата во Супер лигата и иднината воопшто не беше загрозена.

„Галебите“ низ мечевите во Првата лига и Супер лигата покажаа квалитет и карактер, а клубот пленеше со организираноста со преносите во живо и професионалните фотографии од секој меч на домашен терен.

Напоредно, КК АВ Охрид инвестира и во младинските категории, а младинската екипа со сигурност ќе ја освоија првата позиција М18 лигата и ќе разигрува со останатите екипи кои се уклучуваат во плејофот.

OhridNews