Кошаркарите на Охрид забележаа голема победа во Втората лига, совладувајќи го тимот на Хереклеа, на гостински терен во Битолa, со 74-67 (19-17, 25-17, 18-9, 12-24).

„Галебите“ со триумфот и се реваншираа на Хереклеа за поразот во СРЦ „Билјанини Извори“ на стартот од сезоната и што е најважно избија на втората позиција на табелата.

Трите одлични четвртини беа доволни за охриѓани да ги освојат бодовите во Битола. Охридските кошаркари првиот квартал го добија со 19-17, во вториот предноста ја зголемија за дополнителни 25-17, а во третиот комплетно го скршија противникот, добивајќи ја со 18-9. Домаќините во решавачките десет минути заиграа нешто подобро но успеаја само да го ублажат поразот (74-67).

Во следната рунда, Охрид, на домашен терен ќе го пречека тимот на Спарта.

OhridNews