На покана од кошаркарската школа на прославениот кошаркар, Дражен Петровиќ охридскиот клуб АВ Охрид со екипа составена од играчи родени 2003 и 2004 година ќе учествува на турнир во Хрватска.
Дечињата предводени од тренерскиот тандем Горан Недески и Тони Стојаноски силите ќе ги одмерат со Задар, Шибеник и Сплит.
Турнирот ќе се одржи од 22 до 25 јуни, а учеството ќе биде многу значајно за младите кошаркари за престојните предизвици во националниот шампионат.
OhridNews