Ниту екипата на Пелистер не најде одговор за охридските кошаркари кои во Битола ја забележаа 11-та победа (80-75) во исто толку мечеви во Втората кошаркарска лига.
Натпреварот во спортската сала „Младост“ го оправда епитетот дерби на колотo, a охриѓани до победата стигнаа по дополнителните пет минути откако регуларниот дел заврши без победник (65-65).
Во продолжението, квалитетот и искуството на охридските кошаркари пресуди и од Битола се враќаат со полн плен кој уште поблиску ги донесе до елитата.
Капитенот на охриѓани Слободан Михајловски реализираше високи 33 поени, а неговиот партнер под кошевите Бранко Јанески уфрли 10 кошеви, а сите кошаркари кои добија шанса за настап се запишаа во листата на стрелци.
Во третата рунда од пролетната полусезона „галебите“ се „враќаат“ во Охрид, а противник ќе им биде конкурентот за првата позиција на табелата Гостивар.
Мх.П.