Кошаркарскиот клуб АВ Охрид започна со подготовките за новата сезона во која ги очекува деби во Втората АБА лига и долг пат за одење во домашниот шампионат. Ростерот на „галебите“ претрпи измени и на првата прозивка се појавија седумте нови засилувања (Александар Николовски, Реми Бери, Евин Цого, Станислав Цонков, Војче Лековски и Ѓорѓи Зафиров).
Бројката на нови играчи може да се зголеми, ако американските интернационалци Д`андре Рајт и Тајрон Џонсон ги поминат дополнителните медицински прегледи.
„Галебите“ во јако темпо ги започнаа подготовките тренирајќи два пати на ден. Претпладневните тренинзи се одвиваат надвор трчај по долж на Охридското езеро, додека попладневните се на тактички план во спортска сала „Билјанини Извори“. Најверојатно клубот за престојните предизвици ќе направи и седумдневни подготовки надвор од границите од нашата земја.
Минатата сезона охридските кошаркари ја исполнија целта обезбедувајќи опстанок во елитата, а оваа целите се повисоки, односно замешување во трката за плејоф местата на табелата.
Мх.П.