Кошаркарите на АВ Охрид подготовките за почетокот на новата сезона сезона во Првата лига ќе ги финализираат покрај Јадранското море во Тиват. „Галебите“ во Црна Гора ќе одиграат контролни средби со квалитетни екипи од најдобра лига.

  • Подготовките во Црна Гора ќе дојдат како шлаг на тортата за нашата работа. Задача ќе ни биде да ги остраниме недостатоците во играта и да се воиграме што подобро. Сите кошаркари ќе ги имам на располагање и сите ќе добијат својата шанса на контролните мечеви. – изјави тренерот Петар Чочороски.

Капитенот на охридскиот кошаркарски состав Антонио Донески најавува пеколен ритам на натпревари, но и одмор, бидејќи е потребен пред стартот на сезоната во националниот шампионат.

  • Ни недостасуваат натпревари за да го подигнеме нашиот квалитет. Во Црна Гора ќе ја имаа таа шанса и ќе треба максимално да ја искористиме. Покрај играњето ќе имаме време и за одмор и полнење на батериите пред мечевите од Првата лига. – потенцираше капитенот.

Во досегашните тек од подготовките „галебите“ одиграа три контролни натпревари и имаат позитивен скор од две победи и еден пораз.

OhridNews