Кошаркарскиот клуб АВ Охрид, денес и утре, ќе биде дел од турнирот „Георги Христов“ кој ќе се одржи во Ботевград во соседна Бугарија.

„Галебите“, во полуфиналето ќе се сретнат со екипата на Балкан. Во зависност од исходот, утре, охриѓани ќе се борат за златен медал или пак ќе разигруваат за третата позиција.

Покрај охридскиот состав и Балкан на турнирот учествуваат Берое и Рилски Спортист.

OhridNews