Кошаркарите на Охрид со стопроцентен учинок ја завршија првата полусезона во Втората лига откако во последната рунда го совладаа составот на Радовиш со 95-86.


Избраниците на Петар Чочорски одиграа максимално претпазливо иако на теренот им се спротистави последнопласираниот на табелата.

Позитивата од стартот на натпреварот „галебите“ ја чуваа до крајот на мечот и ја забележаа деветтата победа во деветтиот меч сезонава.

Со овој триумф охриѓани ставија точка на првата полусезона и покажа дека се зрели и подготвени за пласман во Првата лига.

Ohridnews