– Најголем број патници ни доаѓаат од Скопје, а зголемен е обемот на сообраќај и кон Белград. Кон и од Скопје вчера се обраќаа уште 8 автобуси, надвор од редовниот сообраќај, а денеска е можно бројот на вонредни автобуси да достигне и до10. – изјави Димитар Василески од АД „Галеб“.
И покрај најавите на општината за модернизација и ова лето туристите на автобуската станица во Охрид пристигнуваат на имповизирани перони без речиси никаква заштита од жешкото сонце, под кое упорно чекаат и дел од станоиздавачите и такси превозниците. Од АД „Галеб“ информираат дека тие се само закупци на просторот и дека одговорот на прашањето зошто автобуската станица се уште не е изградена треба да се бара кај локалната самоуправа, односно кај јавното комунално претпријатие, кое стопанисува со неа.