Галебот по име По, кој уште како младенче бил усвоен од семејството Гримвуд откако влегол во нивната куќа низ оџакот, убеден е дека е мачка, најверојатно поради фактот што пораснал со три мачки. Стив и Џун Гримвуд пред три години чуле бука во каминот, од каде го извадиле младиот галеб.


Птицата ја вратиле на покривот на куќата, но ветрот набрзо потоа го дувнал на земјата. Бидејќи мајката никогаш не се вратила по своето младенче, одлучиле да го посвојат. Набрзо младиот галеб јадел и спиел со мачките. Еден ден сепак успеал да одлета, но многу брзо се вратил во своето мачје гнездо.