Автобус на автотранспортното претпријатие „Галеб“ од Охрид попладнево околу 15 часот бил каменуван од страна на непознати сторители во близина на наплатната рампа кај Тетово, при што биле искршени прозорци на возилото.

Веднаш по инцидентот, во кој нема повредени лица, екипа на СВР Тетово извршила увид на лице место, пренесува МИА.
 
Според очевидци на инцидентот се работи за малолетни лица.

Автобусот на охридски „Галеб“ се обраќал на редовната линија Скопје – Охрид.

Извор: МИА