Капетанијата на пристаништа му издаде времена дозвола за пловење на бродот „Галеб“, откако пловниот објект бил прегледан од страна на овластената меѓународна групација „Биро Веритас“.

Сертификатот издаден на бродот „Галеб“ има важност до 29 октомври 2010 година. Овој  рок е потребен за да бидат извршени дополнителни проверки кои не влијаат на безбедноста на бродот, патниците и пловидбата и овој брод може да биде ставен во употреба.

Капетанијата на пристаништа очекува и останатите сопственици на бродови кои вршат слободен превоз на патници  да извршат технички преглед кај овастениот регистер за Македонија, „Биро Веритас“  и набрзо да завршат постапките за целосно сертифицирање на бродовите кои пловат во Охридското Езеро.

OhridNews