Заради неможноста да се прилагодиме на последните владини одредби поврзани со полицискиот час и со посебните одредби за обезбедување 4 м2 по патник, “Галеб” АД Охрид, од утре, 22 март, ги укинува и преостанатите линии Охрид – Скопје и обратно, информира компанијата.

Следниов период нема да има ниту едно поаѓање на оваа или било која друга меѓуградска дестинација. До некои подобри времиња. – објави “Галеб” АД Охрид.

Градско-приградскиот сообраќај ќе се одвива со двојно помал број патници од регистрираниот капацитет на возилата, соопшти компанијата.

OhridNews