Македонскиот репрезентативец прво го поврзуваа со трансфер во Монако, кој се врати во Првата француска лига и сака да биде “рамо до рамо“ со ПСЖ. За сериозноста на “кнезовите“ говори фактот дека во нападот за следната сезона ќе ги доведат Карлос Тевез и Радамел Фалкао.
Втор клуб како следна дестинација на Пандев се споменува Галатасарај. Турскиот гигант не штедеше средства за потписот на Дидиер Дрогба и Весли Снајдер.
Трансферот на Пандев од Наполи во овие два фудбалски клубови сеуште е шпекулација, но поради финансиската моќ, кој имаат нивните сопственици останува да видиме дали “гранде пандев“ ќе ја промени средината по завршување на сезоната.