Во големото дерби на турскиот фудбал, денеска, Фенербахче на домашен терен загуби од Галатасарај 1:3.

Дербито добро започна за домашните фудбалери, кои, преку Макс Крузе во 21-та минута поведоа со 1-0. Пет минути пред првиот дел Галатасарај со голот на Рајан Донк го изедначи резултатот. Одлуката за победникот падна во последните десеттина минута. Во 80-та минута, најголемата ѕвезда во составот на Галатасарај Радамел Фалкао од пенал погоди за 1-2, а победата ја завери Хенри Онекуру во 90-та минута.

Натпреварите помеѓу Фенербахче и Галатасарај секогаш будат многу емоции кај навивачите во Турција, кои се познати по својот темперамент. Видео снимка од навивачи на Галатасарај како реагираат на едно промашување на Онекуру, кој подоцна се претвори јунак на дерби средбата, стана вирална.

Со победата во дербито Галатасарај на Фатих Тарим остана рамо до рамо на врвот од табелата со Трабзонспорт, додека Фенербахче заостана цели седум бодови во трката за титулата.

OhridNews