На  менито на вечерата што за шефовите на делегации ја приреди генералниот секретар на Алијансата, Јаап де Хоп Шефер, имаше  познати македонски специјалитети.

Како предјадење се служеше  македонската „жетварска закуска“ со полнети тиквички, сарма од лозов лист, домашна пита и цедено млеко, а како главно јадење се сервираше филе од тиквешки сом, мариниран во билки на македонски традиционален начин.

За подготвувањето и послужувањето на македонските специјалитети се ангажирани над 200 врвни кулинарски мајстори и келнери. 

За опуштање, високите гости уживаа  во етно звуците на Синтезис и Драган Даутовски.

Г.М.