По повод потпишувањето на договорот за заедничка соработка во областа на културата помеѓу Република Македонија и Република Австрија, во Народниот театар (Volkstheather) во Виена, синоќа, се одржа културна вечер. На свеченоста присуствуваа стотина гости, меѓу кои министарката за култура на Р. Македонија, Елизабета Канческа – Милеска, претставнци на дипломатскиот кор и бизнис заедницата во Австрија, како и претставници на македонската зедница во Австрија, на кои им се обрати новонаименуваниот амбасадор на Македонија во Виена, проф. д-р Ѓорѓи Филипов.
Во рамки на свеченоста едночасовен концерт одржа Мартин Вуќиќ со неговиот Per-ex Orchestra.Изведуваа дела, преработки на стари македонски песни, како и преработка од Живоин Глишиќ кој беше и самиот присутен.
За денес предвиден се уште два културни настани во Виена. Концерт ќе одржи познатата пијанистка и амбасадор на културата на РМ во Австрија, Елена Мисиркова-Лоза, а во дворецот Laudon-Freskensaal ќе биде презентирана Антологијата на европските народни песни од Бранко Каракаш.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com