Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски синоќа приреди гала прием за учесниците на Светската конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог што од денеска до недела ќе се одржи во Охрид.

Со вера, љубов и надеж дека дијалогот што го имаме помеѓу нас, оние кои веруваме во Бога, ќе биде уште еден придонес кон заедничкото општо добро, рече во своето обраќање на приемот министерот за Милошоски.

На приемот присуствуваа премиерот Никола Груевски, претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски, претставници на Владата, на верските заедници и религиозните групи во Македонија, како и претставници на доминантни религии од сите континети и на дипломатскиот кор.

Тие уживаа во прекрасните национални специјалитети, и во музиката на познатиот македонски гитарист Влатко Стефановски.

ohridnews