Мора да дадеме 100% од себе на натпреварот со Струга за да ги однесеме бодовите од Езерското дерби во Охрид. Ова го изјави десното крило на ГРК Охрид, Гал Цирар, пред натпреварот од 1 коло од новата сезона во ракометната Супер лига меѓу Струга и Охрид, што се игра во сабота, 9 септември, во салата „Нико Нестор“ во Струга, со почеток во 17 часот.
Во новата сезона ГРК Охрид влегува со изменет состав, нов тренер и високи амбиции.
Имавме доста промени и нов тренер кој наметна поинаков начин на работа, со многу тренинзи и анализи. Работиме навистина многу и сакаме да се искачиме што повисоко на табелата. – додаде Цирар.
Гал Цирар: Дербито со Струга носи големо ривалство
Г.М.