Британската фирма Хом лансирала нова линија долен веш, специјално наменета за левораки мажи. Оваа иновација ке им заштеди време на левораките мажи и ќе им ги скрати маките во тоалетот. Новите гаќи имаат хоризонтално, а не вертикално поставен отвор со што е прекината традицијата долга 75 години.
Досегашниот отвор бил прилагоден за отворање со десна рака, од кога оваа линија на долен веш се појавила на пазарот во 1935 година. Се смета дека 10 проценти од Британската машка популација се левучари, а нивниот избор до сега биле боксерките, кои со својот отвор на средината биле прилагодени и на десничарите и на левучарите.