Гај Ричи бил пресреќен бидејќи станал татко по четврти пат. Неговата вереница Џеки Ејнсли донела на свет преслатко девојче кое го родила на една приватна клиника во Лондон.
Парот веќе го има синот Рафаел кој има 14 месеци. Според зборовите на извор близок на парот, мајката и бебето се чувствувале сјајно и породувањето минало совршено. Изворот рекол дека многу ги радувал фактот што на семејството му се придружил уште еден женски член.