Британскиот режисер Гај Ричи и неговата девојка Џеки Ејнсли ова лето ќе добијат принова, па така поранешниот сопруг на Мадона ќе стане татко по трет пат. Сакале да засноваат семејство. Извор близок на режисерот изјавил дека наредната година очекуваат да слушнат свадбени звона. Џеки плачела од среќа кога дознала дека дека е бремена.


По тој повод Гај и Џеки одлучиле да се почастат со патување и отишле на одмор. Режисерот и манекенката се во врска нешто помалку од година дена, а од неодмна почнале да живеат заедно во станот на Ричи во Лондон. Гај бил во брак со поп кралицата Мадона од 2000 до 2008 година, а од тој брак ги имаат биолошкиот син Роко и посвоеното момче Дејвид Банда од Малави.