Британскиот режисер Гај Ричи е во преговори за снимање филм за кралот Артур кој би бил прв дел од планираната двојна триологија филмови, јавуваат британските медиуми. Серијалот би бил заснован на 15-вековниот класик на Томас Мелори „Смртта на Артур“. Студиото Ворнер, кое е заинтересирано да се здружи со Ричи на овој проект, неодамна се обидело да ја оживее легендата за кралот Артур со филмот “Arthur and Lancelot”, за кој биле врзувани имињата на Колин Фарел, Кит Харингтон и Џоел Кинамана, но тој проект бил откажан од финансиски причини.

Пред тоа, се појавила идеја да се направи римејк од класикот од 1981 година „Екскалибур“ кој би го режирал Брајан Сингер. Ричи, познат по многуте филмски хитови, моментално работи на филмскиот римејк на серијата “The Man from UNCLE” во кој ќе играат Хенри Кавил, Хју Грант, Арми Хамер и Алиша Викандер.