Либискиот водач Моамер Гадафи, кој во петокот пристигнал во посета на Русија, добил одобрение да подигне шатор во Кремљ.
Шаторот е поставен во паркот Таински, кој се наоѓа на реката Москов, а сместен е помеѓу претседателските згради и големата палата во Кремљ.
Исто така, кога пред една година го посетил Париз, Гадафи поставил шатор во паркот на хотелот Маригни, палата која се наоѓа во Елисеј, седиштето на францускиот претседател.