Поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи, денеска, пред изгрејсонце бил погребан на тајно место во либиската пустина, известува арапската телевизија “Ал Џазира”.

Претставник на Преодниот национален совет вчера соопшти дека Гадафи ќе биде погребан со скромна церемонија, во присуство на исламски духовници. Притоа беше кажано дека не бил постигнат договор неговото племе да ги земе посмртните останки,.

Телото на Гадафи неколку дена стоеше во Мисрата, додека новите либиски власти размислуваа што да прават со него.

OhridNews