Челниците на најголемите светски економии се договорија на самитот на групата Г20 во Кина дека ќе ги координираат макроекономската политика и дека ќе се спротивстават на протекционизмот, но беа изнесени малку конкретни предлози за борба против слабостите на глобалната економија, јавуваат светските новински агенции.
На затворањето на дводневниот самит во источниот кинески град Хангзу, кинескиот претседател Кси Џинпинг повика на постигнување на „силен, одржлив, избалансиран и инклузивен раст“ преку иновации, а не само фискални и монетарни мерки.
„Нашата цел е да ги оживееме моторите на растот на меѓународната трговија и инвестициите“, рече Кси, при тоа додавајќи дека ќе ги поткрепат механизмите на мултилатералната трговија и ќе се спротивстават на протекционизмот за да го променат трендот на пад во глобалната трговија.
Но, фокусот на самитот не беше насочен на разговори за економијата, туку на политички расправи на маргините.
OhridNews
Извор: „Макфакс“