Во скандалот со х„Изгрев тежок 6 милиони евра, се замешани и црковни лица смета митрополитот Дебарско-кичевски и портпарол на Македонската православна црква, г. Тимотеј. „Лично сметам дека архиепископот Стефан не знаел за криминалот во врска со со „Изгрев“, но не сум уверен дека тие околу него не се замешани“, изјави г. „Тимотеј“ во очи денешната седница на Синодот на која ќе се расправа за аферата „Изгрев“.

Иако постојат сомневања дека во случајот околу струшкиот хотел „Изгрев“ е вмешана и Македонската православна црква, засега нема уапсени црковни лица,. Членовите на светиот архиерејски Синод на МПЦ се сомневаат дека никој од црквата не знаел за криминалните случувања, за што најавија дека отворено ќе се разговара на денешната седница.

Главни осомничени во мега скандалот се косопствениците на ДОО „Миладинов“ Ѓорѓи и Димитар Миладинови,. Полицијата вчера приведе десет лица меѓу кои тројца судии од Основниот суд во Струга, нотари, адвокат, стечајниот управник во АД „Изгрев“ и претставник на консталтинг фирма од Охрид.

Македонската полиција ги сомничи двајцата сосопственици на фирмата „Миладинов“ ДОО дека за шест милиони евра ги оштетиле германската ЛХБ – банка и акционерите на АД „Изгрев“. МВР  вчера поднесе кривична пријава против 16 лица, од кои 10 се приведни, а по две се трага.

Осомничените се товарат дека во периодот од 2002 до 2008 година сториле кривични дела „измама“, „измама при добивање кредит или друга погодност“, „перење пари“, „злоупотреба на службената положба и овластување” и „фалсификување на исправа“.

Ohridnews