Баерн Минхен носен на крилата на
хрватскиот интернационалец Ивица Олич се пласираше во финалето од
елитната Лига на Шампиони. Избраниците на Луи Ван Хал одиграа маестрален
натпревар во кој ги искористиија сите слабости на противникот и со 3-0
го скршија сонот на “лавовите“ за историско финале.


Гол шоуто Олич го започна во 22 минута, а
погоди уште два пати во вториот дел и тоа во 66 и 74 минута. За Баерн
Минхен ова е прво финале по она во Милано 2001 година кога и го осовои
ова натпреварување победувајќи ја Валенсија на пенали.


Холандскиот стратег Луи Ван Хал има
можност да биде само третиот тренер кој со две различни екипи триумфирал
во лигата на шампиони. Првиот триумф го забележа во 1994 година кога со
Ајакс во финалето го победи Милан со 1-0.


OHridnews