Во врска со информациите кои кружат во јавноста, во однос на здравствените услуги и референтните цени на Фондот за здравствено осигурување, оваа институција укажува дека истите се формираат во зависност од техниката која се користи во здравствените установи кои имаат договор со фондот, а се однесуваат за инфекции со корона вирусот Covid-19.

Референтната цена на лабораториските услуги за серолошки анализи на инфективните причинители (ЕЛИСА, ИгМ или ИгГ) сизнесува 1.100 денари. Цената на лбораториските услуги, пак, за молекуларни анализи за инфективни причинители зависат од техниката (Полимеразно верижна реакција- PCR и Мултиплекс PCR) и бројот на причинители (еден, повеќе или цел сет на вируси) кои истовремено се детектираат. Постојат повеќе различни лабораториски услуги со референта цена од 3.000,00 до 5.500,00 денари, информира ФЗОМ.

Во сумата на референтите цени се влезени сите трошоци за извршување на овие здравствени услуги, како што се труд на медицинскиот персонал, трошоци за медицински и друг материјал (тука влегуваат однапред спремени китови за детекција), трошоци за одржување на апаратите и просториите, како и режиските трошоци. Пр некои техники се користат само однапред спремени китови, а во други техники и покрај користењето на китови, потребни се други дополнителни активности за припрема за изведување на тестот. Сите тие си носат соодветни трошоци. Сите наведени цени се со партиципација според Одлуката за висина на учеството на осигурените лица во вкупните трошоци на здравствените услуги, а до Фондот се фактурираат без партиципација. Сите наведени цени се објавени во Службен весник бр.18 од 01.02.2013, а се во употреба од 09.02.2013.- информира ФЗОМ.

Оттаму појаснуваат дека сите наведени цени се со партиципација според Одлуката за висина на учеството на осигурените лица во вкупните трошоци на здравствените услуги, а до Фондот се фактурираат без партиципација., како и дека истите се објавени во Службен весник бр.18 од 01.02.2013, а се во употреба од 09.02.2013.

Појаснување за ова денеска на пресконференција даде и министерот за здравство Филипче, кој појасни дека посочените цени, утврдени со закон, се однесуваат исклучиво на односот на референтните лаборатории и ФЗОМ, и ја опфаќаат целокупната услуга, а не само цената на тестот, додавајќи дека тестирањето за дијагностицирање на коронавирусот Covid 19 во јавните здравствени установи е бесплатно.

OhridNews

Политички препукувања околу цената на тестовите за коронавирус