Откако вчера беше објавена веста за десетгодишната Јована која боледува од малиген карцином на раката, директорот на ФЗОМ Сашо Стефаноски се огласи дека фондот ќе покрие леувањето а интервенцијата е на 22 септември во клиниката Есен во Германија. Но сепак на семејството им е потребно помош за авио билети, сместување и болнички трошоци за еден родител во клиниката кои изнесуваат 400 евра дневно.

Јована Тасеска од Охрид има 10 години. Нејзиното среќно детство го нарушува подмолна  болест. Таа има малиген израсток на раката, кој по неуспешната операција во Скопје повторно и  се појавува. За ова девојче да може да живее како сите деца   потребна е  итна операција во Германија. Но за да може да го оствари сонот исполнет со здравје и радост  потребни им се 10 000 евра, кои семејството за жал не може да ги обезбеди.

Да помогнеме да и овозможиме на малата Јована да се радува и смее … да чекори со возбуда….  да прегрнува со насмевки…..бидејќи секое дете заслужува безгрижно детство….. Јована е нашето дете……

Телефонски број за донации на Т-Мобиле-070143113

Телефонски број за донации на ОНЕ-075143403

Телефонски број за донации на ВИП -077143775

Тасеска Јована 200002886011019 СТОПАНСКА БАНКА

За странство:

– Трансакциска сметка за евра на Тасеска Јована ул „ Ристо Чадо“ бр.112 Охрид
– IBAN:МК 0720000290015682 0029001568 EUR
– Трансакциска сметка за Австралија: Тасеска Јована ул „ Ристо Чадо“ бр.112 Охрид – IBAN :МК07200002900150515, 0029001505 AUD.

OhridNews