Фондот за здравствено осигурување ги зголеми квотите на аптеките за лекови на рецепт кои спаѓаат на товар на фондот.

„Поради зголемениот број на осигуреници, потрошувачката на лековите Фондот  ги зголеми квотите за 2,5 милиони денари месечно повеќе од претходниот месец јуни. Периодот кој го опфаќа ова зголемување е од месец јули до месец септември оваа година“, изјави Бранко Аџигогов, портпарол на ФЗОМ.

Со ова фондот издвојува вкупно 142,3 милиони денари месечно за лекови кои паѓаат на товар на фондот.
„Бидејќи сега има поголем број на осигуреници, зголемена потрошувачка на лекови и со ребалансот на буџетот се доделени екстра средства, фондот одлучи да направи дополнително зголемување на лековите“ вели Аџигогов.

Ohridnews
Извор: Makfaks