Општата Болница во Охрид е дел од Јавните здравствени установи каде што Фондот за здравствено осигурување на Македонија, донираше детски играчки, со кои ќе си играат децата кои престојуваат на болнички третман во болницата.

Од ФЗОМ соопштија дека преку бројните проекти кои ги реализираат продолжуваат со грижата за своите осигуреници.

-Се надеваме дека оваа донација на детски играчки барем за миг ќе им го разубави престојот во болница. Грижата и посветеноста на Фондот е сите осигуреници да го остварат правото на здравствено осигурување, како и подобрување на квалитетот, професионалноста и хуманоста на вработените во здравствениот систем, стои во соопштението од ФЗОМ.

Покрај охридската Општата болница, донација со играчки добија и Клиниката за детски болести, Институтот за белодробни заболувања Козле и Клиничката болница во Тетово.

OhridNews