Весникот „Македонски Спорт“ во своето печатено издание информира дека се „крчка“ фузија меѓу новиот прволигаш Македонија Ѓорче Петров и Силекс како и меѓу Дрита, Албарса и Гостивар.
Силекс заедно со Вардар до минатата сезона беа единствени екипи кои досега немаа играно во понизок ранг од елитата. Но, проблемите во Силекс се наталожија и испаѓањето до Првата лига беше неизбежно.