Футуристичкиот град “City of Meriens” ќе биде долг речиси еден километар, а чирок 500 метри и ќе може да прими до 7000 луѓе. Тој ќе биде целосно самоодржлив и нема да произведува отпад. Футуристичкиот пловечки град еден ден ќе биде совршено место за живот на сите оние кој го обожаваат морето. Го дизајнира францускиот архитект Жак Ружери инспириран од изгледот на ражата.

 

Овој џиновски град би можел да биде долг и до 900 метри и широк околу 500, а во него би можеле да живеат 7000 жители. Ружери, кој е познат по своите бајковити креации, го гледа овој град како универзитеткси град на иднината. На него ќе можат да се сместат 7000 истражувачи, професори и студенти кои ќе ги имаат сите неопходни простории за студирање. “City of Meriens”, како што тој го нарекува, го доби името по монетата „мериен“, која значи исто што и океанит, некој кој е едно со морето.