Македонската футсал репрезентација поради одличниот рејтинг ќе учествува директно на квалификациите за Европско Првенство. Минатите години Македонија мораше успешно да ги помине предквалификациите за да обезбеди учество во квалификациите.


Резултатите кои ги остварија “футсалците“ ја унапредија Македонјија осум места на официјалната рејтинг листа и моментално “црвено жолтите“ котираат на 18-та позиција.

Извлекување на квалификациските групи за ЕП ќе биде на 4 декември во седиштето на УЕФА градот Нион.

Мх.П.