Футсал репрезентацијата на Македонија вчера вечер на домашен одигра 3:3 против фаворизираната селекција на Италија во меч од групата 10 во рамките на европските квалификации за пласман на Светско првенство 2024.
Селекцијата на Васко Скендеровски стигна до реми со гол во финишот од мечот.
Херојот во нашиот тим беше Крстевски, кој буквално во поседните мигови од средбата усепа да погоди за конечни 3:3. Покрај Крстевски, кај нашата селекција по еднаш погодија Рамадани и Петровиќ.
Головите за Македонија ги постигнаа Рамадани, Петровиќ и Крстевски, додека за Италија два гола постигна Мота, а еден беше дело на Ло Цицеро
Во првиот натпревар од европските квалификации за пласман на Светско првенство, Македонија на гостински терен беше поразена од Шведска со 5:2.
OhridNews
фото. ФФМ