Македонската футсал репрезентација во клафиикациите за Европското првенство го претрпе вториот пораз и тоа минимален 3-2 од селекцијата на Хрватска.

Во првото коло Македонија оружјето го положи пред Шпанија, а со поразот од “коцкастите“ “рисовите“ ги загубија и теоретските шанси за пласман на ЕП.

“Коцкастите“ со трите бода од дуелот со нашата селекција и заедно со Шпанија обезбедија пласман на завршницата од континенталниот собир.

“Црвено жолтите“ во последното коло ќе играат против Шведска за бегство од последното место во групата.

Мх.П.