Европскиот првак отпорот на избраниците на Васко Скендеровски го скрши на средината од првиот дел, а до крајот постигнаа уште два и на полувреме заминаа со предност од 3-0.
“Фуријата“ продолжи со постигнувањето голови и во вториот дел кога стигнаа до убедлива предност 5-0. Почесниот погодок за составот на Македонија го постигна Мицески во финишот на средбата.
Во второто коло Македонија ќе се сретне со Хрватска, која во првата рунда забележа убедлива победа над Шведска 7-0.