Сино-белиот фустан кој актерката Џуди Гарланд го носела во познатиот класик „Волшебникот од Оз“ од 1939 година бил продаден на аукција за 480 илјади долари. 
На истата аукција, која била одржана во саботата на Беверли Хилс, во организација на аукциската куќа Џулиенс, парче торта од свадбата на Вилијам и Кејт било продадено за 1375 долари.
Меѓу предметите кои биле понудени на лицитација се нашол и зелениот фустан со цветен дизајн кој Џули Ендрјуз го носела во популарниот мјузикл „Мои песни мои сништа“, кој бил продаден за 38 илјади долари. 
Јакната која му припаѓала на некогашното холивудско лошо момче Стив Меквин била продадена за 50 илјади долари, а исто толку било понудено и за волнената сукња која Мерлин Монро ја носела во 1954 година.